Активистот Демировски поради закани од премиерот загрижен за личната и безбедносната на семејството

Зоран Заев го допре дното откако поради моите издржани критики се одлучи да ми се заканува. Поради заканите од премиерот сум загрижен за мојата и безбедносната на моето семејство, стои во фејсбук статусот на Геге Демиривски, ромски активист.

„Еднаш пробаа да ме убијат, не успеаа. Нема да запрам бидејќи борбата за нашата Македонија и за браќата Роми е поголема од секој еден поединец“, објави Демировски.

„Казната за то што им правиш на Ромите и на сите граѓани кои живеат во Македонија ќе те стигне на следните избори кога РОМИТЕ ќе те вратат назад во Муртино“, пишува Демировски во својот фејсбук статус.