
Очигледно дијалогот вроди со плод и се навраќеме на тоа што претходеше. Сега е 36 седница и со цел да имаме коректен однос кон сите лица погодени од последиците од корона кризата, а за кои треба да следи државна помош да бидеме конзистентни кон физичките и правни лица кои очекуваат помош, барам од пратениците на владеачкото мнозинство да го прифатат предлогот, од 36 седница да се разгледуваат сега само првата, деветата, десеттата, и единаесеттата точки кои се однесуваат токму на мерки за погодени од кризата, рече кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.
Според него предлогот треба да помине затоа што се однесува на конкретниот петти пакет мерки.
„Сега е важно да ги поминеме овие точки,“ кажа Мицевски.
Станува збор за предлог закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари и март, предлог закон за поддршка на работодавачите погодени од кризата, предлог закон за изменување на закон за данок на личен доход по скратена постапка.