ВМРО-ДПМНЕ: Вчера во Албанија пристигнаа 200.000 вакцини, во БиХ 50.000, а во Македонија нула

Премиерот на Албанија, Еди Рама соопшти дека доби 192 илјади од кинеската вакцина „Синовак“. За Босна и Херцеговина има 50 илјади од вакцини од Кина. Во Македонија нула вакцини, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Во меѓувреме, во Србија масовно се вакцинираат македонски граѓани од новинари, полицајци, за викденов одат и лекари кои се очигледно заборавени од Венко Филипче. Во Македонија нема ништо од вакцинација, ама има по неколку десеттина починати, бројката на новоинфицирани е четирицифрена. Премиерот Зоран Заев и ресорниот министер чекаат од небо да им паднат вакцини, за договори за набавка на вакцини ниту имаа, ниту имаат зафатени се со провозиите. Заев и Филипче ја направија Македонија црна точка на регионалната, како и на мапата на Европа и светот. За ова Филипче и Заев ќе одговараат“, се вели во соопштението.