Претседателот на опозициската Алтернатива Африм Гаши му забележува на премиерот Зоран Заев за тет-а-тет средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрустијан Мицкоски. Тој на Фејсбук го прашува Заев што би рекол тој за една албанска средба.
„Зоран Заев, од кога моноетнички средби за државни работи? А што би рекол да удриме и ние една албанска средба?! Кај нѐ води тоа?! Се откажа ли од „едно општество” или пак во тој слоган ти фалел еден збор, „едно македонско општество”, напиша на Фејсбук Гаши.
Премиерот вели дека не ја видел изјавата на Гаши, но и дека тој му е пријател.
– Сакам да ја видам изјавата затоа што тој е мој соборец за едно општество за сите, за еднакви граѓани, за слични права и обврски. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Можам само да кажам дека без оглед кој е на позиција или опозиција, ние продолжуваме да работиме заедно и со тоа да го удвоиме или тројно да го зголемиме успехот во државата. За ова ја прифатив поканата на претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски – рече Зоран Заев,