Стравот од долготрајната блокада на Суец ги крeна цените на нафтата над 64 долари

Цените на нафтата скокнаа во петокот на меѓународните пазари над 64 долари за барел, бидејќи трговците стравуваат дека отскукувањето на гигантскиот контејнерски брод кој го блокираше Суецкиот канал би можело да потрае и на подлг рок да го намали снабдувањето со нафта и деривати.

Ба лондонскиот пазар во раните попладневни часови пред затворањето на тргувањето цената на барелот порасна за 2,12 долари во однос на претходното затворањ, на 64.97 долари. На американскиот пазар, пак, во петокот се тргива за 2,16 долари повисока цена, од 60,72 долари. Во четвртокот во време на затворањето на тгруваето, беше во минус од 2,62 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во поетокот утрото на својата интернетска страница објави дека цената на барелот на референтната кошница нафта на нејзините членки во четвртокот изнесувале 61,63 долари, што значи дека значително не се променила во однос на претходниот трговски ден.

Трговците во четвтокот беа загрижени за изгледите за побарувачката Европа поради новите мерки на заклучување на стопанството со кои владите се обидуваат да го сузбијат ширењето на коронавирусот, па блокадата на Суецкиот канал поради насуканиот огромен брод падна во вториот план.

Во петокот, пак, внианието беше насочено кон Суец. Египетската управа на Суецкиот канал соопшти денеска дека маневрирањата за отсукување ќе продолжат по подготовките кои наскоро ќе бидат довршани. Компанијата вклучена во работите во соопштение наведува дека отсукувањето би можело да потрае со седмици.

Од вкупно 39,2 милиони барели нафта дневно во 2020 година кои патувале по поморски пат, преку Суецкиот канал дневно минувале 1,74 милиони барели дневно, според податоците на компанијата за следњето на превевозот нафра „Kpler“. Низ каналот миниале и 1,54 милиони барели дневно нафрени деривати, што одговара на 9 отсто од светското тргување со дериват кои се транспортираат по морски пат, додава компанијата.

Поради блокадата во Суецкиот канал, возарините во танкерскиот транспорт беа удвоени оваа седмица, а неколку бродови се пренасочени на подолгите поморски рути.

Цените на пазарите на нафта ги поткрепува и загриженоста околу ескалацијата на геополитичките напнатости на Блискиот исток. Јеменските шиитски бунтовници Хуту обвјавија во петокот дека започнале си напади врз објектите во сопственост на саудиската државна нафтена компанија „Saudi Aramcо“, еден од најголемисте светски трговци.

Една седмица пред одржувањето на состанокот на групата OPEC+, во која покрај членките на картелот се и другите произведувачи предводени од Русија, „ Abu Dhabi National Oil Company“ дополнително ја намали испораките за купувачите во Азија за јуни, за 10 до 15 отсто, по мајското кастрење за 5 до 15 отсто, соопштија во петокот неколку извори.