Сончево и топло – во вторник и среда локални врнежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен, информираат од Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Според информациите од УХМР во наредните денови следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите, додека пак во вторник и среда ни претстојат локални слаби врнежи од дожд.