Започна вториот ден од акцијата за имунизација на македонските стопанственици, што ја организира Стопанската комора на Македонија.
-Според информациите на нашите дежурните екипи на граничниот премин Табановце, протокот на возила се одвива со континуирана динамика преку 6 коловозни ленти, а процесот на вакцинација во Ниш е започнат навремено. За стопанствениците пријавени преку Стопанската комора на Македонија, а во организација и со поддршка на Стопанската комора на Србија и колегите во Регионалната комора во Ниш, процесот се одвива на посебно договорени пунктови, без застој, соопштија од Стопанската комора.
Се очекува исто како и вчера, повеќе од 1.000 македонски стопанственици да бидат вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум.
Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информираше дека на ГП „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути.