Државата гори од пандемија и погреби, Филипче и Заев возат мотори

Додека граѓаните молат за лекови и слободен кревет во болниците, а секојдневно имаме рекорден број на новозаболени и починати од Ковид-19, премиерот Заев и министерот за здравство Филипче возат мотори.

На социјалните мрежи денеска се објавени фотографии од нивната авантура за релаксирање низ малешевскиот крај додека државата колабира пред пандемијата.