Несериозно е најавениот процес на масовна вакцинација да започне во среда. Во нормална држава ќе започнеше во 09:00 денеска, 1 час од кога со помпа беа пречекани вакцините, реагираат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.
Срамота е да нема разработен акционен план, посебно што се знаеше кога ќе дојдат вакцините.
Апелираме цело време за јасен и транспарентен акционен план. За јасна комуникација и лесно закажување за пациентите.
Срамота е што само за еден викенд има повеќе вакцинирани македонци во Србија отколку што со донираните вакцини кај нас се успеа за скоро 1,5 месец.
Срамота е што сеуште цела Македонија се вакцинира во Скопје.
Побарајте помош, тука сме, велат во својата реакција од АСМЛ.