(ВИДЕО) Ослободен насуканиот брод во Суецкиот канал

Големиот контерјнерски брод кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот канал е ослободен во понеделникот и ги придвижил моторите, соопшти компанијата „ Inchcape Shipping“,

„Бродот Ever Given успешно е вратен во соодветната позиција утрово во 4,30 часот..“, објави компанијата на својот профил на Twitter.

Бродот „Ever Given“ со носивост од околу 224.000 тони кој плови под знамето на Панама на пат од Кина кон Холандија се насука во вторникот на 151-от километар од Суецкиот канал за време на песочна бура која ја намалила видливоста, блокирајќи го еден од најфрекветните трговски правци на светот. Компанијата „Evergreen“, којашто управува со бродот, во петокот објави дека ќе бидат потребни најмалку уште два до три дена за отсукување на бродот.

По ненадејниот удар на ветер кој му го пореметил курсот, бродот се насука во каналот на место широко помалку од 300 метри. Багери и реморкери работеа изминатите денови деноноќно за да го отсукаат. Плимата ноќта во неделата кон понеделникот помогнала да се ослободи заробениот брод, наведува компанијата.

Блокадата на каналот дојде до нарушување на синџирот на сабдување и влијаеше врз глобалните пазари, а штетата се проценува на милијарди долари. Засега не е познато кога ќе повторно ќе биде отворен Суецкиот канал, еден од најфреквентните поморски патишта за стоки од Азија кон Европа кој ги спојува Средоземното и Црвеното Море.

Според египетските власти, 370 бродови чекаат од двете страни за минување низ каналот, вклучително и 25 нафтени танекри. Деловната агенција Bloomberg наведе дека можеби веќе таму се наоѓаат и 470 товарни пловила.