
Група кипарски Грци поднесоа тужба против турската Влада пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Тие бараат отпочнување истрага за злосторствата на Турција на територијата на Кипар, делумно и поради континуираното населување на турски жители на окупираната територија, се наведува во соопштението.
Тужбата е поднесена од кипарскиот европратеник Костас Мавридис и асоцијацијата „Кипарци против турските воени злосторства“.