Исчезна транспортен авион на небото над Луганск

Украинската воена авијација изгубила контакт со транспортниот авион Am-26, кој го надлетувал регионот на Луганск, соопштуваат од украинксата авијација. Оттаму додаваат дека не се исклучува можноста авионот да е соборен.

„Исчезнат е контакт со авионот. Во тек е операција за пребарување и спасување. Во авионот можат да се превезуваат дваесетина лица“, изјави Андриј Лисенко, портпаролот на Нацоналната безбедност и одбрана.

Во регионите Луганск и Доњецк сеуште траат конфликтите меѓу украинската војска и проруските бунтовници.