ОЈО за гонење на организиран криминал во текот на денешниот ден повикува високи полициски службеници на распит за провала на акцијата „Планина“.
Меѓу повиканите се полициски функционери од МВР, одделот за криминалистичка полиција и одделот за организиран криминал кои треба да дадат одговори како се истечени детали од акцијата и се предупредени припадниците на нарко групите во Грчец и Гази Баба.