-4.2 C
Skopje
понеделник, декември 23, 2024

Стејт Департментот во одбрана на новинари кривично гонети од власта во Македонија

Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави го нотираше гонењето на новинари од страна на властите во Македонија во однос на слободата на изразување.
Споменати се случаите на кривично гонењето на уредниците Љупчо Златев (Лидер) и Александар Митовски (Инфомакс) кој обвинителството го товари за оддавање на државна тајна.

– Владата ги гонеше новинарите во текот на годината за откривање на доверливи или класифицирани документи. На 4-ти март, скопскиот Кривичен суд го осуди новинарот Александар Митовски и го осуди на шест месеци условна казна затвор за откривање доверливи документи поврзани со кривичната истрага „Рекет“. Тој ја објави првата страница од изјавата на сведок на неговиот портал, „Инфомакс“, во август 2019 година. На 30-ти јули, ОЈО поднесе обвинение против Љупчо Златев, уредникот на финансиска новинска агенција „Лидер“, за откривање на класифицирани документи од Агенцијата за национална безбедност во два текста на порталот објавени во јули – пишува во извештајот на Стејт Департменот.

Во објавените документи станува збор за злоупотреби во тајната служба, незаконско следење и отрстранување на вработен со фалсификувани белешки.

Линк до целиот извештај може да погледнете ТУКА.