Италијански морнарички офицер и руски дипломат уапсени за шпионажа

Капетан на италијанската воена морнарица и руски дипломат се уапсени под сомневање за шпионажа по тајната средба на којашто размениле документи за пари, соопшти во средата италијанската полиција.

Капетанот на италијанска фрегата и руското воено атеше во амбасадата во Рим се обвинети за „сериозни кривична дела врзани со шпионажа и државната безбедност“ по состанокот во вторникот доцна вечерта на кој биле исплатени 5.000 евра, појасни италијанската полиција. Идентитетот на осомничените не е објавен.

Апсењето го наредило обвинителството во Рим, по „долга истрага“ којашто ја спровеле италијанските разузнавачи со поддршка на армијата, потврди италијанската полиција. Се додава дека италијанскиот морнарички капетан е во притвор.

Како што соопшти италијанската службена новинска агенција Ansa меѓу документите кои италијанскиот офицер му ги проследил на рускиот дипломат, биле покрај италијански и документи на НАТО. Според извештајот, тајните служби за контактот меѓу двајцата офицера дознала пред неколку месеци.

Италијанското министерство за надворешни работи ги повикало рускиот амбасадор Сергеј Разов по приведувањето на военот аташе од дипломатската мисија во Рим за случајот на шпионажа, и објави дека ќе протера двајца службеници во руската диплатска емисија.

Како што пренесе руската државна новинска агенција РИА, руската амбасада соопштила дека се разјаснуваат околностите на инцидентот и се надеваат дека тој нема да влијае врз билатералните односи меѓу двете земји. Руското министерство за надворешни работи, пак, соопшти дека работата на чекори во врска со протерувањето на двајцата дипломати.

Во Кремљ се надеваат дека инцидентот со приведувањето на рускиот офицер во Италија нема да го попречи дијалогот меѓу двете земји, изјави портпаролот на рускиот претседател.

„Во моментво немаме информации за причините и околностите на апсењето. Но, во секој случај, се надеваме дека многу позитивната и конструктивната природа на руско-италијанските односи ќе продолжи, и ќе бидат сочувани“, го цитира РИА портпаролот Дмитриј Песков.

Ова е втор инцидент со руски дипломати последниот период во Европа, откако минатата седмица Бугарија објави за непожелни двајца службеници на руската амбасада во Софија, обвинети за наводна шпионажа во случајот во кој се обвинети шест активни и поранешни бугарски разузнавачи.