Кинескиот министер за одбрана, генерал Веи Фенгхе вчера оствари официјална посета на Македонија.
Премиерот Зоран Заев ја прими делегацијата на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана, на која апелирал тој да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200.000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјава.
Знамињата од ЕУ и НАТО кои вообичаено стојат во просториите на Владата, не можеа да се забележат на средбата на премиерот Зоран Заев со кинескиот министер за одбрана. И покрај сите напори за влез во НАТО, премиерот покажа голема непочит кон НАТО пактот, со отстранување на знамињата во просториите на владата за време на средбата. На фотографиите и видеото од средбата може да се видат само знамињата на Македонија и на Кина, пишува ЛИДЕР.