Март во Бразил бил месецот со најмногу смртни исходи од почетокот на пандемијата на коронавирусот пред повеќе од една годиниа, со повеќе од 66.000 починати, а истовремено европските земји се подготвуваат уште еднаш најголемиот христијански празник Велигден да го прослават под строгите епидемиолошки мерки.
„Никогаш во историјата на Бразил не се случилео еден настан да убие толку луѓе во 30 дена“, изјави за AFP, Мигуел Николелиш, координатор на Научната комисија против пандемијата формирама во совероисточната сојузна држава Бразилија.
„Се наоѓаме во најлошиот момент, со рекорден бројки починати и заразени, што значи дека и април ќе биде тежок“, истакнува епидемиологот Етел Масиел, професорка на Сојузниот универзитет Еспирито Санто (UFES).
Бразилските болници се преоптоварени, а во неколку сојузни држави медицинскиот персонал веќе започна да избира кому че му даде кревет на одделите за интензивна нега.
Епидемијата во Бразил е надвор од контрола. Во март најголемата земја на латиноамериканскиот континент забележала 66.573 смртни исходи од Covid-19, двојно повеќе отколку во јули 2020 година, кој досега беше најлошиот месец, според последните податоци од средата вечерта. Воедно, забележан е и најголемиот број починати во текот на 24 часа – 3.860 луѓе.
Николелиш смета дека е „многу веројатно“ Бразил до јули да достигне половина милион починати во епидемијата. Земјата во моментов има 321.515 починати од почетокот на пандемијата и речиси 13 милиони заразени. И според бројот на починатите и според бројот ја заразените, Бразил е на второто место во светото по САД.
Франција ги заострува мерките
Во Франција, една од европските земји кои се најпогодените во пандемијата на коронавирусот, премиерот Жан Кастекс, треба во четвртокот во парламентот да го претстави новиот сет мерки коишто во средата вечерта во телевизиското обраќање до нацијата ги најави претседателот Емануел Макрон. Меѓу нив е и затворањето на училиштата на неколку седмици и ограничувањето на движењето за целата земја.
Макрон најави дека од саботата на најмалку еден месец ќе бидат проширени мерките за ткн „затворање“ на целата земја, откако главниот град Парис, северот и делови од југоистокот на Франција веќе се „затворени“. Во телевизиското обраќање претседателот предупреди дека земјата ќе ја загуби контролата над епидемијата, додека сега не реагира на овој начин.
Франција досега во епидемијата забележа 95.337 смртни исходи по зараза со коронавирусот. Одделите за интензивна грижа на ковид-пациентите се пред колапс во најтешко погодените региони.
Министерот за здравство Оливие Веран изјави во четвртокот за радиото France Inter дека земјата би можела да го достигне пикот на третиот бран од епидемијата за седум до десет дена, со спроведување на мерките кои ги најави претседателот Макрон.
И остатокот од Европа ги заострува мерките, акцентот на патувањата
Соочен со третиот бран на епидемијата, и остатокот од Европа ги зајакнува мерките за да го сопре ширењето на вирусот, а тоа особено се однесува на патувањата.
Германија во селдните 8 до 14 дена ги заострува контролите во пограничните области, особено кон Франција, Данска и Полска.
Референтниот Институт „Роберт Кох“ објави доцна вечерта во средата дека во Германија преовладува во речиси 90 отсто бротанскиот сој на коронавирусот. Уделот на оваа варијанта на вирусот континуирано расте, бидејќи таа е позаразан и веројатно предизвикува посериозни форми на болеста Covid-19 од другите варијанти, додаваат од Институтот. Сепак, нагласуваат дека вакцините коишто се на располагање во Геманија дават заштита и од британскиот сој, како и од поопасните бразилски и јужноафрикански сој на SARS-CoV-2.
Во Италија властите решија да ги продолжат рестриктивните мерки до 30-ти април. Во Австрија, пак, главниот град Виена и неговата околина ќе бидат во „локдаун“ во текот на прослаувањето на Велигден според Грегоријанскиот календар.
Украина во последните 24 часа забелажа рекорден број починати заразени со коронавирусот – 421 лице, објави во четвртокот министерот за здравство Максим Степанов. Додаде дека се пријавени уште 17.596 нови случаи на коронаинфекции, а рекодрни 5.160 пациенти се хоспитализирани.
Кампањата за вакцинирање напредува бавно и невоедначено
Германија и натаму има цел да ја вакцинира возрасната популација до крајот на летото, и покрај рестрикциите во примената на вакцината на „AstraZeneca“ кој повеќе не би требало да им се дава на помладите од 60 години.
Европската агенција за лекови (ЕМА) во средата потврди дека ниедна возрасна или родова група, како и лицата со истроија на болести, не се особено понаклонети на создавање крвни згрутчуваањ по примањето на оваа вакцина.
„Причинско-последична врска со вакцината не е докажана, но е можна и продолжува натамошната анализа“, соопштија од ЕМА.
Европскиот регулатор се огласи откако неколку земји, како Германија, Норвешка, Данска, Франција, Шпанија и Канада, целосно го запреа или ограничија вакцинирањето со „AstraZeneca“, по пријавите за десетици случаи на тромбоемболии по вакцинирањето.
Истовремено, од „Pfizer/BioNTech“ објавија дека нивната вакцина била 100 отсто ефикасна кај младите меѓу 12 и 15 години.
Во светот досега се потрошени повеќе од 580 милиони дози од вакцините против Covid-19, иако дистрибуцијата е многу невооедначена, особено меѓу богатите и посиромашните земји, како и меѓу оние во кои се произведуваат вакцините и оние кои очекуваат испораки.
Во претходните 24 часа во светот со коронавирусот се заразени повеќе од 509.000 луѓе, покжуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO). Истовремено починале уште над 8.800 луѓе.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во светот со коронаврисуот од крајот на декември 2019 година досега се заразиле вкупно 128.895.644 луѓе. Од тоа починале 2.816.081 пациенти од последиците на компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19.