Фондот на ЕУ за лажни вести ќе добие 25 милиони долари од Google

Американскиот технолошки гигант и сопственик на најголемиот интернет пребарувач на светот „Google“ ќе уплати 25 милиони американски долари во новофорираниот Европски фонд за медиуми и информации за борба против лажните вести на Европската унија.

Од „Google“ информацијата ја потврдија во контекстот на критиките дека технолошките гиганти не прават доволно за разоткривање на дезинформации на интернет.

Според американскиот и европскиот естаблишмент, пандемијата на Covid-19 и претседателските избори во САД минатата 2020 година наводно предизвикале зголемување на дезинформации, а некои ги критикуваат социјалните медиуми дека „не се проактивни во сузбувањето на овој проблем“. Регуалторите најавија дека можат да воведат строги рестрикции. Сепак, многумина ги критикуваат ваквите потези како обид за воведување контрола врз содржините на интернет и социјалните мрежи и удар врз слободата на изразувањето.

Европскиот фонд за медиуми и информации, кој минатата седмица го покренаа Фондацијата „Caloust Gulbenkian“ и Европскиот универзитетски институт, соопштија дека имаат цел да го соберат научниците, експерите за проверка на информации, непрофитни организации и други тела кои дејствуваат во јавен интерес за да можат да се справуваат со информациите кои тие ќе ги одбележат како „лажни вести“.

„Проживувајќи ги неизвестноста и предизвиците изминатата година, се покажа дека е важно повеќе од кога и да е, лушето да имаат пристап до точни информации и да можат да ги разликуваат фактите од фикциите“, истакна претставникот на „Google“, Мет Бритин во објавата на корпортивниот блог.

Фондот ќе дејствува пет години. Европската опсераваторија за дигитални медиуми, проектот на Европската комисија основан минатата година кој вклучува „експерти за проверка на информациите“ и универзитетски истражувачи, ќе оценуваат и ќе ги селектираат проектите.