
Исламистичката милитанта групација ал-Шабаба во саботата напдна две бази на сомалиската војска која објави дека жртви има и на двете страни, но дека успеала да ја врти контролата над базите.
Базите, кои се сместерени на околу 100 километри југозападно од од сомалиската престолнина Могадишу, биле нападнати со две големи експлозии, рекол за Reuters очевидец. Третата експлозија била насочена на воен конвој кој итно тргнал од градот во базите по почетокот на нападите, додал.
Претставник на сомалиската војска, Хусеин Нур, рекол дека војската загубила „неколку војници“ во нападите врз базите Бериире и Авгдигле, но не дал прецизни бројки.
Војската испратил засилување од другите бази и дека е убиен непознат број напаѓачи во борбите кои следеле, рекол Нур за Reuters. Војската сега контролира двете бази и околната област, рекол додавајќи дека „Милинтантите ги бркаме кон околнаата џунгла“.
Од ал-Шабаб објави дека организирал самоубиствени напад со автомобил-бомба врз базата Бариире, додека истовремено ја нападнал блиската база Адвигиле со авто-бомба и со борци, за да ги спречи војниците кои се наоѓале таму да дојдат како засилување во Бариире.
„Ја прегазивме базата Бариире, запаливме три воени возила и земавме две возила“, изјавил за Reuters Абдијазис Абу Мусаб, портпаролот на ал-Шабаб за воени операции зборувајќи за кусото заземање на воената база.
Третата моќна експлозивна направа била поставена исто така во возило а го погодила конвојот на владините сили кој брзал со засилување од Могадишу, додал Абу Мусаб. Потврдил дека имало жртви од двете страни.
Исламистичката група ал-Шабаб (Движење на младите муџахедини), за која се претпоставува дека има меѓу 5 и 9.000 борци, владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од Кисмају.
Сепак, припадниците на оваа групација која порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, а последните години одржува врски со џихадистите од Исламската држава, и натаму напааѓаат владини и странски цели во Сомалија. Напади извршуваат и во соседна Кенија, како одмазда поради тоа што војската на оваа земја учествува во мировната операција на Африканската унија (AMISOM) во Сомалија so 20.000 војници на страна на владата во Могадишу.