Француската агенција за лекови ASNM открила три нови случаи на формирање крвни згрутчувања на „атипични“ места по вакцинирањето со препаратот на „AstraZeneca“ против Covid-19.
Во седмината меѓу 19-ти и 25-ти март овие случаи на крвни згрутчуваа пријавени во врска со вакцината, соопшти ASNM.
Од почетокот на кампањата на вакцинирање во Франција се потврдени 12 случаи на згрутчување на крвта по примање на вакцината на „AstraZeneca“, од кои четири имале смртен исход.
Повеќето со овие случа биле погодени жените. Во девет случаи вакцинираните лица биле помлади од 55 години, а во три случаи биле повозрасни.
Највисоките француските здравствеените власти веќе препорачаа вакцинирање со „AstraZeneca“ за лицата постари од 55 години, по кусата пауза во вакцинирањето кон средината на март. До 25-ти март во Франција се дадени 1,9 милиони дози од вакцината на „AsteaZeneca“.
Од почетокот она оваа седица, пак, забележан е 31 суспектен случај на церебрална венска тромбоза по вакцинирањето на „AstraZeneca“.
До петокот, повеќе од 9 милиони луѓе во Франција примиле најмалку една доза од вакцината која се дава во две дози. Тоа претставува околу 13,8 отсто од вкупното население.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна објави дека сите граѓани повозрасни од 60 години би можело да е вакцинираат против Covid-19 од средината на април. Од средната на мај следи имунизацијата на повозрасните од 50 години. До крајот на летото би требало да бидат вакцинирани сите жители повозрасни од 18 години кои ќе изразат желба за тоа.