Голем чекор на Баерн кон 31-та титула во Бундеслигата

Германскиот, европски и светски фудбалски првак минхенски Баеор славеше со 1:0 на гостувањето кај РБ Лајпциг во рамките на 27-то коло на националното првенство правејќи голем исчекор кон деветтата полседователна или вкупно 31-ва титула во Бундеслигата.

Решавачкиот погодок го постигна Леон Горецка на повратната топка од Томас Милер. Домашната екипа настојуваше да дојде до израмнување, а најблиску до тоа во неколку наврати беа Марсел Забитцер и Дани Олмо, но нивните удари или не беа доволно прецизни или ги запираше гостинскиот голман Мануел Ноер.

Баварскиот великан притоа стана првиот германски клуб кој успеал да постигне барем по еден погодок на 62 натпревари по ред во сите натпреварувања.

Баерн со победата дојде до 64 бодови, односно сега седум повеќе од второпласираниот РБ Лајпциг.

 

Во последниот дуел од саботната програма домашната Борусија во Менхегладбах со пресврт го победи Фрајбург со 2:1.

Гостите поведоа во 10 минута а стрелец беше Унгарецот Роланд Салаи. Во второто полувреме Борусија за само седум минути направи пресврт, откако Французинот Маркус Турам во 53 минута среќно ја затресе противничката мрежа, а во 60 минута беше проигран од Крамер, го мина гостинскиот голман Милер и мирно ја испрати топката во мрежата. Фајбург во последните моменти од мечот постигна погодок, но по интервенција на ВАР-от беше поништен, бидејќи во почетокот на акцијата еден од гостинските играчи бил во офсајд.

Со втората последователна победа Борусија Менхенгладбах со 39 бодови се искачи од 10-то на 7-то место, а Фрајбург со 37 бодиви сега е 10-ти.

 

Во мечот кој би можек да решава кои германски клубовои че играат следната сезона во Лигата на шампионите, Ајнтрахт во Дормтунд ја совлада домашната Борусија со 2:1, и со тоа направи големи седум бодови предност во борбата за четвртата позиција на табелата, има 50 бодови пред „Милионерите“ со 43 бодови.

Гостите поведоа во 11 минута кога Нико Шулц несмасно со глава ја испрати топката во својата мрежа. Во 44 минтуа Борусија израмни со погодокот на Матс Хумелс по изведениот корнер. Победата на Ајнтрахт му ја донесе Андре Силва во 87 минута, кога со глава реализираше по нафрлување од Филип Костиќ.

 

Баер Леверкузен со головите на Лукас Аларио во 26 и Патрик Шик во 72 минута го победи Шалке 04 за кој стелец беше Клас-Јан Хунтелар во 81 минута. Баер е шести со 43 бодови, израмнет со петтата Борусија Д која го држи последното место кое директно води во Лига Европа. Шалке со 04 со само 10 бодови е одамна отпишан од Бундеслигата.

 

Волфсбург на домашен терен го победи Келн со 1:0 со погодокот на Јосп Брекла во 69 минута, откако неговиот удар малку зафати еден од гостинските одбранбени играчи. Волфсбург е трет на табелата со 54 бодови, а Келн има 23 бодови и е на 16-то место, позицијата која води во доигрување за опстанок но толку има клубот кој е на позицијата за испаѓање.

 

Мајнц и Арминија одиграа 1:1. Домашите поведоа од пенал во 56 минута кој го реализираше Даниел Бросински, а во 76 минута израмни Андреас Воглзамер. Ова е важен бод за Арминија која има 23 бодови на 17-то место во трката по бодови за опастанок, а тие позиции ги држат сега Мајнц со 25 и Херта со 24 бодови, со тоа што тимот од Берлин има меч помалку.

 

Аугсбург како домаќин со 2:1 го совлада Хофенхајм. Домашните рано дојдо до сигурно водство преку Рубен Варгас во 8 и Андре Хан во 23 минута, а гостите успеаја само да намалат во 85 минута преку Роберт Сков. Аугсбург сега го мина и му ја презема 11-та позиција на денешниот противник има 32 бодови, наспроти Хофенхајм со 30 бодови.

 

Во недела колото ќе го затворат дуелите Штургарт – Вердер и Унион Берлин.