Јорданските безбедносни сили од „безбедносни причини“ уапсиле член на кралското семејство поранешен советник на кралот Абдула Втори и други високопозициниорани функционери, пренесе ноќта кон неделата јорданската службена новинска агенција Petra, додека други медиуми јавуваат дека тоа е поврзано со план за дестабилизација на оваа блискоисточна земја.
Двајца упатени во настаните извори за Reuters рекле дека безбедносните сили доше во домот на полубратот на кралот Абдула Втори, поранешниот јордански престолонаследник Хамза, каде што започначе истрага. Тврдат дека тој не е уапсен.
Американскиот дневен весник The Washington Post објави, пак, дека јорданските власти го притвориле Хамза и уште речиси 20 лица поради „закани по стабилноста на државата“. Јорданската војска наводно од Хамза барала да го запре своето дејствување чијашто цел е „безбедноста и стабилноста“ на земјата.
Панарапската сателитска телевизија Al Mayadeen извести за откривање на „заговор за соборување на Абдула Втори од власт“ во Аман. Според неговите информации, приведени се 20-ина високопозицинионирани офицери и племенски првенци.
Британскиот сервис BBC, повикувајќи се на видеопорака, пренесува дека Хамза е ставен во домашен притвор.
„Претпладнето ме посети началникот на Генералштабот на јорданските вооружени сили, кој ме извести дека не смеам да излегувам да комуницирам со луѓе или да се среќавам со нив, бидејќи на тие состаноци на коишто присуствувал, или на социјалните медиуми кои го следеа настаните со моето учестви бли забалежани критики кон владата и кралот“, изјавил Хамза бин Хусеин во снимката. Истовремено, според принцот, тој лично не бидл обвинет за критикување на претставници на јорданските власти.
Истовремено, поранешниот престолонаследник во својата видео-порака директно посочува на грешките во работата на владата.
„Јас не сум лицето кое е одговорно за неуспехот во управувањето, корупцијата и неспособноста кои владеат во владеат во владините структури последните 15 – 20 годни и стануваат сѐ поочигледни“, вели Хамза.
Принцот додава дека ситуацијата во земјата „достигнала точка кога никој не може да зборува или да изразува мислење за кое и да е прашање а да не биде гонет, апсен, измачуван или да не се соочува со закани“.
Четириесетгодишниот Хамза бен Хусеин е син на покојниот крал Хусеин бин Талал и неговата сопруга кралицата Нур, и е полубрат на кралот Абдула Втори. Тој ја извршуваше должноста на престолонаследник на Јордан од 1999 до 2004 година. Сега престолонаследник е 26-годишниот принц Хусеин бин Абдула, најстариот син на Абдула Втори и кралицата Ранија.
Кралот Абдула Втори во 2004 година го отфрли Хамза како наследник на јорданскиот престол, во потег со којашто ја зацврсти својата моќ. Како сојузник на САД, донесе политичка стабилноста на земјата и се истакна како арапски челник чиишто умерени пораки имаа позитивен одек на Западот.
Агенцијата Petra пишува дека се уапсени и Басем Авадала, долгогодешен човек од доверба на кралот кој подоцна беше и министер за финанси, како и Шариф Хасн бен Зиад, член на кралското семејство. Авадала, предводник на економските реформи, долго се соочуваше со отпор на стариот систем и бирократијата во Јордан.
Апсењата на толку високопозиционирани функционери и припадници на кралското семејство се многу ретки во Јордан, клучниот американски сојузник на Блискиот исток,
Моќната јорданска разузнавачка агенција, со големо влијание во јавниот живот на земјата, има уште поважна улога во општеството од воспоставување на вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот. Невладините орагнизации ја обвинуваат за кршење на човековите и политичките права.
Јорданската полиција во март прекина протести во главниот град Аман и во другите поголеми места, со коишто се одбележуваше десетгодишнината од ткн Арапска пролет со кој беа соборени децениските авторитарни власти во низа арапски земји, од Либија и Тунис до Египет. Во растурањето на јорднаските протести, беа притворени повеќе десетици активнисти.
Американскиот Стејт департмент претходно во саботата соопшти дека кралот Абдула Втори е „клучен партнер“ на САД и дека има „целосна поддршка“. Портпаролот на американската дипломатија, Нед Прајс, рече дека Вашингтон „внимателно ги следи извештаите“ од Јордан, како и дека е во контакт со тамошните функционери.