![zaev-filipce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/zaev-filipce.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
И милион соопштенија да напишат од штабот на владејачката СДСМ нема да го исперат срамот, тагата и трагедијата дека се виновни за смртта на близу 4.000 македонски граѓани, а сите починати од почетокот на годинава досега директно се на совеста на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче кои не набавија вакцини кога целиот регион и остатокот од светот тоа го правеше, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Земјите од регионот, но и светот се сочуваат со пад на бројот на заболени и починати и пандемијата почека згаснува, затоа што поголем дел од популацијата имаат вакцинирано. Денеска сме 4 април а Заев има добиено повеќе вакцини како донација, отколку што самиот има набавено. Да не е добрината на соседна Србија немаше да можеме да ги вакцинираме ниту здравствените работници во Ковод центрите. Срамно и жално“, посочуваат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат и дека „Заев и Филипче мора да се свестат, велеа дека ќе имаме 2.000 заболени во текот на целата пандемија, а сега имаме по 3.000 заболени за два дена“.
„Имаше недостаток на клексан и инвермектин. Народ примаше инфузии во болнички дворови. Живи пациенти лежеа до мртви. Жена умре во болница затоа што немаше кој да и даде кислород. Луѓе се вакцинираат преку ред затоа што имаат врски со власта. Системот е пропаднат и за тоа одговорни се Заев и Филипче“, истакнуваат од партијата.