Без победник во берлинското дерби

Во последниот натпревар од 27-то коло на германското фудбалско првенство, големото берлинско дерби заврши без победник, Унион Берлин и Херта одиграа 1:1.

Унион поведе уште во 9 минута со погодокот на Роберт Андрих, а за Херта израмни Доди Лукебакио од пенал во 35 минута. Условните домаќини продолжија со доминацијата и во продолжението на натпреварот, но резултатот до крајот не се менуваше.

Унион Берлин се задржи на седмото место и ја предводи групата екипи кои имаат 39 бодови, четири бодови помалку од петтата позиција која води доректно во Лига Европа, а ја држи Борусија Дортмунд.

Херта, пак, сега има 25 бодови и е на 14 место, само два бода повеќе од местото кое води во втората лига.

Претходно во неделата со автоголот на Лудвиг Аугистинсон во 81 минтуа, Штутгарт на свој терен го совлада Вердер, по надмоќната игра. Штутгарт со 39 бодови е на осмото место, а Вердер е 13-ти со 30 бодови.