Никовски: Власта се покажа како тотално неспособна со набавката на вакцини и справување со корона вирусот

После првиот тој да речам позитивен период на ефективна борба одиме само надолу и ова сега зголемување на бројот на смртни случаеви секојдневно се застршувачки. Само последната недела има преку 200 починати од корона вирус. Тоа да е земјотрес па ќе биде катастрофа, трагедија а не да се умира од вирус. Сето тоа укажува дека се тоа што се правеше поготово во последно време беше апсолутно погрешно, вели македонскиот дипломат и поранеше амбасадор Ристо Никовски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Никовски смета дека сега се носат мерки, бидејќи претходно поради одржување на изборите во Штип и Пласница не се носеле мерки за справување на корона вирус, бидејќи како што рече ќе се покажела контра продуктивноста односно некомпатибилноста едно со друго.

Нормално е дека следуваат нови мерки, претходно имаше избори односно мораше да има избори и затоа не се преземаа мерки зошто ќе се покажеше контра продуктивноста односно некомпатибилноста едно со друго, додаде Никовски.

Тој смета дека власта покажала тотална неспособност кога станува збор за набавка на вакцини за имунизација на населението.

Покажува тотална неспособност, очигледно е дека не се снајдоа. Ние имаме дипломатски конзуларни претставништва, во една таква ситуација кога почнува еден таков глобален проблем се праќа една инструкција до сите, ве молиме дневно да не информирате што преземаат вашите земји каде што сте акредитирани, и таму ќе се постави контакт со надлежното министерство за надворешни работи, министерството за здравство и ќе информирате. И кога ќе добиете некоја информација тогаш ќе имате некоја идеја. Ништо такво не е направено. После тоа се виде дека имало обиди да криминал и корупција со таа фирма. Во секој случај се посрамотивме, истакна тој.

Никовски смета дека мора да има одговорност, ако не морална и ако луѓето кои се покажаа како неспособни тогаш мора да се преземат некои службени мерки.