Каако резултат на неспособноста на Владата во голем број сегменти во здравството и во спроведување на мерките и протоколите. Македонија го има денешниот резултат а тоа е неконтролирано ширење на коронвирусот, оцени во понеделникот пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Како резултат на неспосбноста на владата да обезбеди почитување на протоколите прво да воспостави јасни критериуми што не зависат од дискреционо право второ да воспостави систем на контрола на спроведување на мерките ние го имаме денешниот резултат а тоа неконтролирано ширење на корона вирусот во Македонија“ рече Лефков во емисијата „Фалибастер“ на Радио Лидер.
Според него, друг поважен аспект заради неконтролираното ширење на корона вирусот и големиот број на жртви на дневно ниво е проблемот со имунизацијата и со целосно неуспешниот процес на имунизација во кој власта нема набавено ниту една вакцина туку чекаше на донации од другите земји.
„Тоа е едниот апсект другиот аспект е секако поврзан со имунизацијата. Вие не можете да очекувате да имате намалување на бројката на заболени доколку немате активен процес на имунизација кој што видевме дека кај нас во Македонија за жал не дека беше стопиран туку беше целосно неуспешно спроведен и сеуште е неуспешно спроведен затоа што еве и до ден денес сега сме 5 ти Македонија сеуште нема набавено вакцини. Сите вакцини кои што ги добивме до денеска според оние информации сите донации“, заклучи Лефков