Обама во разговор со Си се заложи за поголема соработка меѓу САД и Кина

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со кинескиот колега Си Џинпинг изјави дека сака билатералните односи меѓу двете земји да бидат дефинирани од поголема соработка и конструктивно управување со разликите, соопшти Белата куќа.

Обама и Си разговарале и за Иран и Северна Кореја.

Американскиот претседател изразил желба да се сретне со кинескиот колега на самитот на Азиско-пацифичка економска соработка (АТИС) во Пекинг во ноември годинава.