Мафијашки бос во бегство уапсен на велигденска литургија

Италијански мафијашки бос, кој со години се криел во Бразил, италијанската полиција го уапсила кога се вратил дома за Велгиден.

Џузепе Калварусо, осомничен дека го води кланот Паљарели, пред многу години ја напуштил Италија и заминал во Бразил, но се вратил во Палерма пред годинешните Велигденски празници, пренесува италијанската новинска агенција Ansa.

Полицијата го упасила на велигденски обред. Покрај него, уапсени се уште четворица осомничени, за коишто се верува дека се припадници на сицилијанската мафијашка организација Коза Ностра.

Уапсени се сомничат за изнуди, напади, грабнувања и други сериозни злосторства. Рацијата за Велигден била спроведена под надзот на обвинителството во Палермо, се додава во информацијата.