
Едно од лицата на кои им е злоупотребен идентитетот во аферата „Мафија“, за порталот „Курир“ вели дека правдата ќе ја бара и ќе ја истера до крај, бидејќи неговите лични податоци се злоупотребени од страна на државата, односно од страна на Министерството за внатрешни работи.
-Мојот идентитет е злоупотребен од страна на државата и на државните органи, во случајот од страна на МВР, згора на тоа без мое знаење му е доделен на криминалец. Правдата ќе ја барам пред надлежните судови во Македонија, а ќе барам и оштета, бидејки станува збор за мои лични податоци злоупотребени од страна на државата, вели лицето.
Живеам во европска земја и можно е да ти направат проблем поради злоупотребата на идентитетот од страна на државата, а оштетата што ќе ја барам ќе биде многу голема, правдата ќе ја истерам до крај, ако треба и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, вели во изјава за „Курир“, човекот на кого му е злоупотребен идентитетот.