Коњ бил украден од оделението за тренирање на полициски животни во Хиподродром – неофицијално откриваат за Радио Лидер, извори во МВР.
Вредноста на ова животно кое го поседува полицијата е над 50.000 евра, затоа што се работи за професионално трениран коњ кој и помага на полицијата.
-Во ова оделение на МВР има огромно обезбедување. Таму се тренираат и полициските кучиња. Ова животно може да се украде само од внатре затоа што се работи за обезбедена локација. Тоа е исто како да украдат коњ од полициска станица. – вели изворот кој е многу близок до министерот Оливер Спасовски и е крајно незадоволен од тоа што овој случај се крие како што долго време се криеше случајот со незаконски издадените лични карти.