Сончево време, со дневни температури до 17 степени

Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура е во интервалот од -6 до 1, а максималната од 8 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.