
Полициските службеници од Гази Баба го пронајдоа украдениот арапски коњ чија вредност се проценува до 50.000 евра и беше украден во средата навечер за време на полицискиот час и му го вратија на сопственикот.
Професионално тренираниот коњ бил украден од центарот при Одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром.
Во текот на вчерашниот ден дел од медиумите објавија дека украденото животно е на Министерството за внатрешни работи, но оттаму ја демантираа ваквата информација.