
Вработените на украинскиот министерски совет не можат да стигнат до своите работни места поради блокадата на зградата, од страна на демонстранти во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Државните службеници добиле наредба да се вратат во своите домови.
Зградата на украинскиот министерски совет, како и целиот владин комплекс е блокиран од многубројните демонстранти, како и од кордонот автомобили и автобуси на полицијата.
Поддржувачите на евроинтеграцијата на Украина од денеска започнаа генерален штрајк и ја блокираа владината зграда во Киев, откако во неделата над 100 илјади лица учествуваа во протестите со апели до Владата за предвремени избори, пренесе „АФП“.