Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната прес-конференција за аферата „Мафија“ покажа фотографија на која се гледаат дел од уапсените службеници во друштво на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Според билтенот на МВР уапсена за овој случај е жена вработена во службата за изработка на пасоши со иницијали Н.З. Токму ова лице во семејна атмосфера го гледаме со прво повиканиот во аферата „Мафија“ Оливер Спасовски што јасно се гледа од оваа фотографија. Значи само кога ќе гребнете по површината сомневањата недвосмислено одат до врвот на власта каде се Зоран Заев и Оливер Спасовски, посочи Сајкоски.