Во болниците се лекуваат 1699 болни од ковид-19, слободни се 340 кревети

Вкупната бројка на сомнителни и потврдени за ковид -19 кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1699. Од нив 703 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, додека 996 пациенти во болниците во земјава.
Има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови болни и 13 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 12 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември -141, на Клиниката за инфективни болести  – 148 , во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле – 36, на Клиниката за детски болести –  8 деца,  на ГАК  – 9  и во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 52 болни.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 996 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти, Штип – 85, Тетово – 41, Велес – 97, Куманово – 116, Охрид – 100, Прилеп -127, Гостивар – 39, Струга – 23, Струмица – 97, Кочани – 28, Кичево – 34, Кавадарци – 64 и во Гевгелија 21 лице.