Обвинителството на Хашкиот трибунал оцени дека притворот на лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ е законски, барајќи со тоа да се одбијат неодамнешните негови барања за оштета поради долгиот престој во притвор.
Обвинителот Матијас Маркусен, на барањата на Шешељ, подвблече дека неговиот притвор и понатаму е законски и е заснован на налогот на Судот и обвинението за сериозни кршења на меѓународните хуманитарни права.
Шешељ, кој е обвинет за злосторства на Хрватите и Бошњавите во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина од 1991 до 1993 година, неодамна од Трибуналот побара оштета од 12 милиони евра, тврдејќи дека е во притвор е задржан противправно и неосновано повеќе од 11 години.
Шешељ во притвор е од 24 февруари 2003 година, кога доброволно се редаде по покревањето на обвинението.