
Москва во вторникот го предпреди Вашинтон американските бродови да го избегнуваат црноморскиот поулостров Крим „за сопствено добро“, а другите земји ги предупреди да не ја снабдуваат Украина со оружје.
Два американски воени брода би требало да впловат во Црното Море оваа седмица во контекстот на заканите на САД кон Русија дека „ќе ја плати цената“ доколку дојде до судир со Украина во контекстот ескалацијата на конфликтот на украинскиот југоисток меѓу силите на Киев и на одметнатите рускојазични региони.
Црноморскиот полуостров Крим, каде што е историското седиште на руската Црноморска флота, по превратот во Киев во март 2014 година, со два референдума и со мнозинство од над 90 отсто изгласа прво враќање на самостојноста на регионот укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР и за присоединување кон Руската Федерација. Москва набрзи потоа изгласа прифање на Крим во составот на федерацијата,
Западните земји последните денови го прифаќаат тврдењето на Киев дека Русија наводно трупа сили на границата со Украина и на Крим. Москва, пак, одговара дека движењето на нејзините трупи е е во согласност со нејзините маневри и поради зголемените тензии во регионот кој според неа ги предизвикува власта во Украина со цел да ја вовлече Русија.
Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков ги предупреди во вторникот САД американските воени бродови во Црното Море да оддржуваат дистанца, истакнувајќи дека ризикот од инцидент е многу висок, пренесуваат руските новински агенции.
„Американските бродови немаат апсолутно ништо да бараат крај нашите брегови, тоа е чиста провокација. Провокација во директна смисла на зборот: тие ја тестираат нашата моќ, се играат со нашите нерви. Нема да успеат“, порачува Рјабков.
„Ги предупредуваме Соединетите држави дека ќе им биде подобро да се држат подалеку од Крим и од нашиот црноморски брег. Тоа ќе биде за нивното сопствено добро“, додава вториот дипломат на Русија.
Пентагон одбива за медиумите да го коментира испраќањето на воените бродови во овој момент во невралгичниот регион, велејќи само дека американката армија „рутински ги испраќа“ бродовите во оваа област. Руската Црноморска флота базирана на Крим, по настаните од 2014 година е доста зајакната и военотехнички модернизирана со радарски и провиракетни сустеми, како и со моќни проектили.
Русија, исто така, ги предупреди другите земји да не ѝ продаваат оружје на Украина, чија цел е да испровицира конфликт поради кој под нов круг санкции ќе дојде руско-германскиот нафтовод Северен тек 2 и ќе се оневозможи неговото довршување. Овој гасовод сосема ќе ја исклучи Украина од системот за испораки на руски природен гас во Европа, со што земјата ќе остане без значителни приходи од транзитот на енергенсот преку нејзината територија.
„Ги повикуванем сите одговорни земји со коишто комуницираме, а Турција е една од нив, дека силно им препорачуваме да ја анализираат ситуацијата и константните воинствени изјави на Киев и, исто така, ги предупредуваме да не ги охрабруваат овие милитаристички тежнеења“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во понеделникот во Египет.
Турција ѝ испорачала на Украина шест воени дронови, според договор потпишан од 2019 година. Веќе се испорачани шест вакви летала, според медиумите. Според украинското министерство за одбрана, нови договори за воени дронови вклучително и за муниција, како и за градење патролни чамци, биле потпишани во декември.
Европската унија соопшти дека „со голема загриженост го следи движењето на руските единици ка украинската граница и на Крим“. Брисел ја повика Москва „да се воздржи од какви било потези кои би довеле до понатамошни тензии“, изјави портпаролот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Исто така, ја повика Русија да ги „забрза напорите“ со цел да се спроведе мировниот план од Минска од 2015 година, но Москва одговата дека Киев е тој што треба да ги исполни своите обврски од договорот.