
Полициски службеници од СВР Куманово денеска го лишија од слобода 36-годишниот Б.Ј. од сeлото Табановце, затоа што при извршена контрола во патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана.
Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.