Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со рускиот колега по должност Владимир Путин, соопшти во средата Белата куќа, а во текот на разговорот челникот на САД предложил одржување средба „во трета земја“.
Станува збор за првиот разговор меѓу претседателите на двете нукеларни суперсили, откако во контекстот на крајно заладените односи кои се на најниското ниво од некогашната идеолошка Студена војна, Бајден одговори потврдно на прашање од новинар дали смета дека Путин „убиец“.
„Претседателот Бајден ја потврди својата цел за изградба на стабилни и предвидливи односи со Русија согласно интересите на САД, и предложи во наредните месеци средба на највисоко ниво во трета земја за разгледување на цел спектар проблеми со кои се соочуваат САД и Русија“, се вели во соопштението во Белата куќа.
Се тврди и дека Бајден „јасно ставил до знаење“ дека САД ќе „дејствуваат одлучно“ во заштита на своите национални интереси во одговор на активностите на Русија како кибернетички напади и вмешаност во изборите.
„Претседателот Бајден ја истакна недвосмислената заложба на САД за суверенитет и територијални целосност на Украина. Претседателот изрази загриженост по повод ненадејното зголемување на руската воена моќ во окупираниот Крим и на границите со Украина и ја повика Русија да ја деескалира ситуацијата“, се вели во соопштението од Белата куќа.
Кремљ го споменува и предлогот за средба, но не и дали Путин се согласил. Москва открива и дека разговорот се водел на иницијатива на Вашингтон, како и дека Путин во текот ги објавил своите погледи и ставови на прашањето на ситуацијата во југоистокот на Украина.
Русија во повеќе наврати ги негираше обвинувањата за наводното мешање во американските избори, а претходно во средата повторените такви изјави од Вашингтон, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги нарече „апсолутно неосновани“.
Кремљ во средата попладнето го потврди разговорот и примениот предлог за одржување директна средба меѓу двајцата претседатели. Зборувајќи за ситауцијата во Украина, Путин на својот соговорник му ги истакнал придвижувањето кон решението кое се заснова на пакетот мерки од Минск, се додава без да се наведат повеќе поедниности.
„Двете страни изразија подготвеност да продолжат со дијалогот за најважните области за осигурување на глобалната безбеднсот, што би ги задоволило не само интересите на Русија и на САД, туку и на целата светска заедница“, се наведува во соопштението кое го издаде службата за односи со јавноста на рускиот претседател.
Кремљ во објавата истакнува дека Бајден изразил интерес за „воспоставуфање стабилна и предвидлива соработка за таквите актутни проблеми, како штео се осигурување стратешка стабилност ио контрола над вооружувањето, иранската нуклеарна програма, ситуацијата во Авганистан, глобалните климатски програми“.