Швајцарската ракометна репрезентација во комплетен состав ќе гостува во Скопје, на гостувањето против македонската ракометна репрезентација во рамките од последното коло од квалификациите за ЕП 2022.
Македонскиот национален тим е веќе пласиран во следната фаза, на почетокот од овој циклус на гостински терен ја совлада Швајцарија, но неопходен е триумф и во Скопје за да се осигура најмалку второто место во групата.
Швајцарскиот селектор за двомечот со Данска на 28 април во Винтертур и со Македонија на 2-ри мај во Скопје ги повика следните ракометари:
ГОЛМАНИ: Аурел Бринголф (Сент Гален), Никола Портнер (Шамбери), Леонард Грациоли (Арау).
ИГРАЧИ: Михааел Кузио (Берн), Марвин Леар, Михала Швајлен, Роман Сидоровиц, Серди Тиновски (Винтертур), Лука Марос, Самуел Зендер, Филип Новак, Тик Томинетс, Јонас Шелкер (Шафхаузен), Лукас Мајстер (Минден), Ален Милошевиќ (Лајпциг), Николас Реми (Вакер), Самуел Ретлисбергер (Штутгарт), Лени Рубин (Вецлар), Анди Шмид (Рајн Некар Левен).