Бајден го потпиша указот за нови санкции против Русија

Friday, March 5, 2021. (AP Photo/Patrick Semansky)

Американскиот претседател, Џо Бајден го потпиша во четвртокот указот за воведување нови санкции против Русија, соопшти Белата куќа.

Новите американски санкции се однесуваат на шест руски компании, за кои Вашингтон смета дека се одговорни за изведување на кибернетички напади, пренесува весникот The Washington Post, повикувајќи се на извори од американската администрација.

Според весникот, САД ќе протераат и десет руски „разузнавачи кои во земјата работат со дипломатско покритие“.

Покрај тоа, САД им забранија на своите компании директно да купуваат руски хартии од вредност издадени од Централната банка, Националниот фонд за социјална грижа или руското Министерство за финансии.

САД, меѓудругото, сметаат дека Русија е одговорна за анводните кибернетички нападит на „SolarWinds“.

Американското Министерството за финансии претходно веќе воведе санкции за 16 организации и 16 лица, наводно, поврзани со анводното мешање на Русија во изборите во САД во 2016 година.

Санкциите на САД се поддржани од ЕУ и НАТО, но тие не планираат да воведат свои нови рестрикции, пишува весникот.