Полицијата го приведе Драги Рашковски

МВР утринава го привела Драги Рашковски и е однесен во суд, бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бара да му биде одреден притвор, објави Фокус.

Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“.  Притворот се бара поради предметот поврзан со набавката на софтверот.