Како Заев го бранеше Рашковски: Ако не сега, софтверот може во иднина ќе го употребуваат

„Има причинско-правни последици зошто е тоа правено, со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во Министерството за внатрешни работи. Се работи за објект кој снима 360 степени кој е набавен врз основа на претходни длабински анализи. Ова е правено со причина, не ни текнало така нас седејќи во Владата ај ќе правиме софтвер. Ако не го користат сега, може во иднина ќе го употребуваат“, вака премиерот Зоран Заев го бранеше Драги Рашковски за набавката на софтвер кој самиот го создал.

Заев рече дека не исклучува сомнеж со набавката и дека сѐ било направено по тендерска процедура и со ФИНКИ.

-Секако дека исклучувам сомнеж во набавката, тоа е направено колку што се сеќавам со ФИНКИ, со тендерска процедура. По информацијата во јавноста се обратив до службите да ме информираат барем усно, чекам да ми стигнат документите. Постапката била предвидена со буџет од 8 милиони денари, имало компетитивност, но сè уште не ги знам детали…Спроведена е целосна постапка, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на 9ти март изминатиот месец.

Тендерот за кој се сомничи Рашковски бил распишан во ноември 2019 година, на истиот се пријавиле три фирми, а како добитник на истиот во вредност од 81.000 евра се јавува компанијата „Инвока гроуп“. Софтверот, кој треба да одредува брзина, локација, регистарска табличка, поминување на црвено и друго требало да биде испорачан најдоцна во јули 2020 година.

-Има причинско-правни последици зошто е тоа правено, со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во Министерството за внатрешни работи. Се работи за објект кој снима 360 степени кој е набавен врз основа на претходни длабински анализи. Ова е правено со причина, не ни текнало така нас седејќи во Владата ај ќе правиме софтвер. Ако не го користат сега, може во иднина ќе го употребуваат“.