Во Црна Гора е откриен нов вид полжав кој двајцата научници заслужни за ова откритие го нарекоа по српскиот врвен тенисер Новак Ѓоковиќ, а научниот труд со откривањето на новиот вид е објавен во меѓународното списание Subterranean Biology.
Новиот вид „Тravunijana djokovici“ го откриле словачкиот биоспелеолог Јозеф Грего и професорот на Универзитетот Црна Гора, Владимир Пешиќ, кој за црнорските медиуми рекол дека новиот вод полжав го открле во карстен извор во близна на Подгорица.
„Станува збор за еден од најинтересните водиви кои ги населува подземните живеалишта на карстните области на Црна Гора и е една од најретките на светско ниво! Единствен е како и Новак“, изјави Пешиќ за дневниот весник Вијести.
Истакнал дека и самите локалитети на коишто е пронајден овие видови полжави кои се ретки и загрозени и оти се надева дека „Новаковиот полжав“ свушност поради името ќе помогне да се сврто вниманието на нив за да бидат спасени од исчезнување.
„Сигурни сме дека Новак слушнал за нашето откритие и дека му е мило што е веројатно единствениот спортис на светот според кого еден нов вид добил име“, рекол професорот Пешиќ.
Истакна дека планираат продолжување на истражувањата на новиот вид, а целта им е да направата детални ДНК анализи на овој еднемски вид, за да се добие слика колку видот е страр и колку се одвивала евоплуцијата и населувањето на карстните области на Динаридите.