Поради намалената видливоста на пистата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје утрово не се реализираше летото Истанбул – Скопје – Истанбул на турската авиокомпанија „Туркишерлајнс“.
Во текот на ноќта беа реализирани летовите Љубљана – Скопје – Љубљана на три авиокомпании „Луфтханза“, „Адриа Ервејс“ и „Сас Скандинавиан ерлајнс“ со мало задоцнување од 15 минути.
Маглата веќе една недела го отежнува авиосообраќајот во земјава поради што за време на најгустата магла и видливост од само неколку метри аеродромот целосно беше затворен за сообраќај. Десетици летови беа откажани, а дел беа пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.