Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти болни од коронавирусот

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1.699 и има околу 335 празни болнички кревети во ковид центрите, а само во Скопје се лекуваат 702 лица. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 69 пациенти поради компликации од коронавирусот, додека во исто време од болниците се испишани 59 лица како оздравени од болеста.

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало 12 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 4 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 9 пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 58 болни.

Во изминатите 24 часа во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 998 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 150 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 87 лица. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 87 болни, а во Куманово 97 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 118 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 35, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица.