За еден ден во Велика Британија вакцинирани повеќе од 600.000 луѓе

Само за 24 часа граѓани на Велика Британија примиле повеќе од 600.000 дози вакцини против коронавирусот, се вели во податоците објавени денес.

Официјалните бројки покажале дека во петокот на британските граѓани им се аплицирани 119.306 од првата доза и 485.421 од втората доза на вакцини против ковид-19.

Податоците од денеска покажуваат дека тој ден имало уште 2.206 случаи на зараза со коронавирусот и дека од ковид-19 починале 35 лица. Велика Британија има околу 68 милиони жители.

Во последните седум дена дневната смртност во Велика Британија паднала за 29 отсто во однос на претходната недела, а бројот на случаи заразени со коронавирусот за 6.5 отсто.