Германија денеска им оддава почит на речиси 80.000 луѓе кои починаа од коронавирус, додека земјата се бори да го надмине новиот наплив на инфекции.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе ја предводи комеморацијата со други високи функционери во Концертхаус во Берлин.
Од кабинетот на германскиот претседател соопштија дека церемонијата е посветена на „семејствата кои не можеа да ги испратат своите роднини кога починаа и за кои не беа можни важните ритуали на жалост“.
Во Германија досега се потврдени 79.914 смртни случаи од Ковид-19. Тоа е петти најголем број во Европа по Велика Британија, Италија, Русија и Франција