
Кој е инфектологот во Битола кој на заразената пратеничка на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска со ковид-19 ѝ дозволил да шета со скафандер, е топ тема меѓу битолчани, но и на социјалните мрежи.
И пратеничката и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митовски ги ставија во многу непријатна ситуација ги ставија малкумината битолски инфектолози со кои сега се подбиваат во Битола. Последните два дена тие постојано добиваат прашања дали некој од нив навистина дал дозвола битолската пратеничка да замине со скафандер во македонското собрание.
Дел од граѓаните бараат за оваа тема да расправа и Лекарската комора на Македонија за да утврди дали инфектологот навистина постои или се работи за злоупотреба на лекарската фела за политички цели.