Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 961 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 151 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 90 болни, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 90 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 25, Кавадарци 55, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.663 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 примени пациенти и еден бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен исто така еден нов болен, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 294 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 12 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.
Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.